Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом одобри да се издадат наредби за дестици актуелни и поранешни официјални лица на администрацијата и кампањата на претседателот на САД Доналд Трамп, во врска со истрагите за руското мешање во изборите во 2016-та година, како и за одвојувањето на семејствата на границата со Мексико.
„Нема да се смириме додека не ги обезбедиме нивните сведочења и документи“, изјави претседавачот со Комисијата Џеролд Надлер.
На списокот се наоѓаат Џаред Кушнер, зет на претседателот и советник на Белата куќа, поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, поранешниот шеф на Кабинет на Белата куќа Џон Кели, поранешниот државен правобранител на САД Џеф Сешнс, како и поранешниот заменик-државен правобранител Род Розенстајн.
Трамп рече дека демократите сега бараат да ги видат 12-те лица кои поминале часови со специјалниот советник Роберт Мулер, и кои потрошиле богатство на адвокати поради тоа.
Републиканците во Комисијата ги нарекоаа овие напори неимпресивни и непродуктивни.
Facebook Forum