Линкови за пристапност

Конгресот се враќа на работа со буџетот на дневен ред


Изборните резултати ја променија републиканската стратегија за финансирање на работата на Владата

Американскиот Конгрес ќе продолжи со работата по изборите кои радикално ги изменија демократските и републиканските очекувања околу балансирањето на моќта во Вашингтон за следната година. Toa може да има влијание и на напорите за финансирање на работата на американската влада во следните месеци.

Републиканците ја презедоа контролата во обата дома на Конгресот, и ќе ја преземат контролата врз Белата куќа на почетокот на јануари кога претседателот Доналд Трамп ќе даде заклетва на функцијата.

Пред изборите, многу републикански законодавци имаа долгорочна визија за соработка со демократите на донесување на долгорочен буџет за финансирање на работата на Владата после 9 декември, кога истекува времено одобрениот буџет.

Но перспективата за донесување на долгорочен буџет изгледаат помалку веројатни со победата на Трамп. Многу републиканци сега претпочитаат буџет со кој ќе се стави крај на буџетското трошење преку задолжување на пари или продолжително финансирање на владата - финансирање на владата до февруари или март, и потоа да се донесе друг буџет, кој би бил направен по терк на новата администрација.

Лидерот на мнозинството Мич Меконел вели дека продолжувањето на финансирањето на владата е приоритет во пост изборниот период.

Малцинството на демократите можеби ќе можат да блокираат некои, но не` и сите републикански иницијативи во Сенетот, преку процедура позната како филибастер.

XS
SM
MD
LG