Фејсбук вели дека интерната истрага за обидите на Русија да влијае на претседателските избори во САД, сега покажува дека оперативци поддржани од Русија на социјалните медиуми објавиле околу 80.000 информации, кои во период од две години, стигнале до 126 милиони Американци.
Веста доаѓа во време кога адвокати кои ги претставуваат Твитер, Фејсбук и Гугл, денеска пред Сенатска комисија за правосудство ќе сведочат за тоа какво влијание (доколку постоело), би можеле да имаат руските кампањи на изборите во 2016-та година. Компаниите се под притисок на законодавците да им покажат дека реагираат по прашањето со нови мерки, се` со цел да се обезбеди ова да не се повтори во иднина.
Оваа комисија е една од трите конгресни панели, кои се обидуваат да дојдат до детали за руско мешање во изборите или за можна соработка со кампањата на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Трамп на неколкупати ги негираше наводите за каква било поврзаност со Русите, а американски официјални претставници рекоа дека нема знаци дека мешањето на Русија ги променило гласовите на изборите.
Facebook Forum