Линкови за пристапност

Детален конгресен извештај за руските кампањи за влијание


Во документот се критикува наводниот недостаток на лидерство од страна на претседателот Доналд Трамп

Во конгресниот извештај издаден вчера, Русија е обвинета за долготраен напад врз демократијата дома и во странство, и во него се бара создавање на повеќекратна контра стратегија која ќе биде раководена од САД. Во документот се наведува дека во моментов под претседателствувањето на Доналд Трамп ваква стратегија недостасува.

Во извештајот подготвен од страна на соработниците на демократите во Комисијата за надворешни односи во Сенатот и кој беше даден на увид на Гласот на Америка се вели: „Владиниот режим на Путин има развиено одлична алатка за влијание во странски држави“ и „се чини дека има намера да ги искористи сите можни начини за поткопување на демократските институции и трансатлантското сојузништво“.

Врз основа на неколкумесечните истражувања и размена на информации со странски влади кои биле цел на активностите на Кремљ, на 206 страници исцрпно се документирани целосната низа на алатки кои Русија ги користи надвор од нејзините граници.

Во извештајот се вели дека „Асиметричниот арсенал“ на Путин е „смртоносна мешавина на конвенционални воени напади, атентати, кампањи за дезинформации и кибернетски напади во Украина, планирање на државен удар во Црна Гора, кампањи за дезинформации и кибернетски напади во Германија, Франција, Велика Британија и пошироко.

Во документот, исто така се наведува наводното угнетување и насилство во Русија против противниците и критичарите на Путин. Во извештајот се вели дека рускиот лидер „ја стекнал и зајакнал моќта со користење на уцени, страв од тероризам и војна“ и „комбиниран воен авантуризам и агресија во странство со пропаганда и политичка репресија дома, за да ја убеди домашната јавноста дека ја обновува величината на Русија.“

Ова не е извештај посветен на хакирањето на изборите во 2016-та година. Ова е извештај за тоа како Русија функционира во светски рамки, вели член на Комисијата кој помогнал во подготвување на документот, додавајќи дека ова е прв извештај од владин ентитет кој го опишува „нивото и обемот“ на руската закана.

Без целосно разбирање на оваа закана, вели помошникот:

„Нема да може да спречите тоа повторно да се случи“.

Во извештајот се наведуваат деталите кои ги презеле европските земји во борба против руското влијанието и за напорите во рамките на организациите како што се НАТО и Европската унија. Во документот се тврди дека САД заостануваат многу во овие напори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG