Линкови за пристапност

Конгресмени бараат ограничена улога на САД во Либија


Конгресмени бараат ограничена улога на САД во Либија
Конгресмени бараат ограничена улога на САД во Либија

Резолуцијата би значела едногодишно ограничување на ангажманот на американската армија во коалиционите акции на НАТО во Либија.

Двајца влијателни сенатори претставија резолуција за ограничување на улогата на американската армија во Либија.

Претседавачот на Сенатската комисија за односи со странство, демократот Џон Кери и главниот републиканец во Комисијата, Џон Мекејн предлагаат ограничување на ангажманот на американската армија во акцијата на НАТО-силите во Либија на една година, како и забрана за употреба на американски копнени сили во конфликтот. Сепак, обајцата сенатори предупредија САД да не се откажат од мисијата, велејќи дека либискиот водач Моамар Гадафи е близу до тоа да ја загуби власта.

Претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер, пак, вели дека телото е подготвено да дискутира за две комптетитивни резолуции за конфликтот во Либија. Едната, слична на онаа на Мекејн и Кери, би дала зелено светло за употреба на сила во Либија, додека другата повикува на повлекување на сите американски сили, освен на оние инволвирани во неборбени операции.

Претходно месецов, и демократски и републикански законодавци го критикуваа Обама поради тоа што не побарал согласност од Конгресот за интервенцијата во Либија.

XS
SM
MD
LG