Линкови за пристапност

Израел ја промени одлуката за забраната американска конгресменка да ја посети државата


Израел ја преиначи својата одлука со која претходно забрани американска конгресменка да ја посети државата.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека ќе ѝ овозможи на Рашида Тлаиб, првата избрана конгресменка со палестинско потекло во Конгресот на САД, да го посети Израел на „хуманитарна“ основа за да ја види својата палестинска баба.

Израел во четвртокот соопшти дека нема да дозволи Тлаиб и Илхан Омар да влезат во земјата, што покрена нови контроверзии во дебатата околу американската поддршка за својот сојузник на Блискиот исток.

Омар не беше спомената во денешното соопштение на Израел.

Рашида Тлаиб и Илхан Омар гласно го критикуваа Израел поради третманот Палестинците. Тие требаше да го посетат Израел и неколку градови на Западниот Брег.

Израелскиот заменик министер за надворешни работи Ципи Хотовели во четвртокот изјави: „Нема да дозволиме оние што го негираат нашето право на постоење да влезат во Израел. Во принцип, ова е многу оправдана одлука.“

Непосредно пред тоа, претседателот на САД, Доналд Трамп, напиша: „Израел ќе покаже голема слабост ако им дозволи на Омар и Тлаиб да го посетат. Тие го мразат Израел и целиот еврејски народ и ништо не може да се каже или направи за да се промени нивното мислење.“ [[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1162000480681287683 ]]

Омар и Тлаиб се поддржувачи на BDS (Бојкот, одземање, санкции) - ненасилно движење кое се обидува економски да изврши притисок врз Израел да стави крај на својата окупација на Западниот Брег. Некои застапници на BDS поддржуваат еднонационално решение за кое критичарите велат дека ќе доведе до уништување на еврејската држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG