Претседателот на сенатската комисија за надворешни односи, за Гласот на Америка изјави дека лансирањата на ракетите од страна на Иран ја утврдуваат решителноста на Конгресот да ги обнови и зајакне американските санкции против Техеран.
Републиканскиот сенатор Боб Коркер вели дека работи на дополнување на законот за санкции врз Иран, кој беше суспендирани како дел од минатогодишниот значаен нуклеарен договор со Техеран.
Американскиот претседател Барак Обама неколкупати изјави дека санкциите ќе треба да се обноват доколку Иран го прекрши нуклеарниот договор.
Виш претставник на администрацијата вели дека фокусот сега е на спроведување на договорот и потврда дека Иран ги комплетира преземените клучни чекори за нуклеарниот договор.