Американските сенатори изразуваат различни очекувања за тоа што Конгресот може да одлучи во врска со тешките имиграциони прашања.
Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел, изјави дека очекува оваа недела Сенатот да ја разгледа легислативата, со која ќе се адресира дилемата за недокументираните имигранти донесени во САД како деца, како и останатите прашања, за кои краен рок е осми февруари, кога повторно истекува владиното финасирање.
Ваквата заложба убеди повеќе од 30 сенатски демократи претходно да им се приклучат на републиканците во ставање крај на тридневното затворање на Американската влада.
Републиканското мнозинство сега има 16 дена да работи со демократите да го напише законот, за да добие 60 гласови од 100 члена во Сенатот, со цел да ги заштити корисниците на ДАКА од депортација.
Ќор-сокакот во носење одлука донесе протестанти во Вашингтон.
Претседателот Доналд Трамп, на неговиот Твитер профил, напиша дека „никој не знае сигурно дали републиканците и демократите ќе бидат во можност да постигнат договор за ДАКА до осми февруари, но, секој ќе се обиде да го постигне тоа“.
Законодавци, за Гласот на Америка, велат дека се свесни оти натамошно одлагање на решението за ДАКА, може да доведе до ново владино затворање следниот месец.
Facebook Forum