Американскиот главен правобранител Вилијам Бар денеска ќе сведочи пред Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом, каде што законодавците се очекува да го прашаат за низа теми, вклучително и за администрација на Трамп и распоредувањето на федерални полицајци како одговор на протестите во северозападниот град Портланд, Орегон.
Во текстот на изјавата на Бар објавен пред рочиштето, се вели дека смртта на Џорџ Флојд во полициски притвор на крајот на мај е „ужасен“ настан кој го покрена неопходното преиспитување на односот помеѓу спроведувањето на законот и Афроамериканците во САД.
Но, Бар вели дека тековните протести во Портланд и на други места не се повеќе поврзани со смртта на Флојд.
„Во голема мерка од овие сцени на уништување отсутни се дури и површни обиди немирите да ги поврзат своите активности со смртта на Џорџ Флојд или да упатат каков било легитимен повик за реформа“, вели Бар.
Тој ги повтори критиките на администрацијата на Трамп кон локалните лидери, од кои многумина ја одбија интервенцијата на сојузната влада и го повикаа Конгресот да го блокира распоредувањата на федералните сили во нивните градови.
Во Портланд дојде до судири меѓу демонстрантите и федералните сили, при што ситуацијата ескалираше.
Градоначалникот на Портланд, Тед Вилер побара од Конгресот да се ограничи употребата на федералните сили.
Facebook Forum