Во Сенатската комисија за оружени служби денеска започна распитот за потврда на номинацијата на генералот во пензија Џејмс Матис, на функцијата секретар за безбедност. Комисијата воедно ја разгледува можноста и за легислатива, со цел да се утврди дали тој е квалификуван за позицијата.
Матис се пензионираше од Маринскиот корпус во 2013-та, откако беше на чело на Централната команда и со искуство во предводење на трупите за време на војната во Авганистан и двете војни во Ирак. Тој би бил првиот армиски член од кариера на чело на Пентагон во повеќе од 50 години.
Законот забранува армиски офицери да ја преземат функцијата секретар за одбрана, пред да бидат во пензија седум години, така што Конгресот би требало да усвои мерка, што би значела исклучок за Матис.
За денеска во Сенатот е предвиден и распит во Комисијата за разузнавање за потврда на номинацијата на републиканскиот конгресмен Мајк Помпео, на функцијата директор на ЦИА, а неврохирургот во пензија Бен Карсон, ќе сведочи за функцијата секретар за домување и урбан развој.