Поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми, кој беше сменет од функцијата пред еден месец од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп ќе сведочи пред Комисијата за разузнавање на Сенатот, кој го истражува руското мешање во изборите во САД, како и тоа дали постојат било какви врски меѓу Москва и блиските соработници на Трамп.
Ова ќе биде првиот јавен настап на Коми откако претседателот Трамп неочекувано го отпушти на 9 мај.
Коми раководеше со истрагата на ФБИ за руското мешање во минатогодишната претседателска кампања и можната соработка на Москва со соработниците на Трамп насочена кон помагање на Трамп со цел да ја порази демократската противкандидатка, поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон.
Неколку дена по смената, соработниците на Коми, рекоа дека поранешниот директор на ФБИ правел детални белешки за неговите средби со Трамп во Белата куќа.
Сослушувањето на Коми е закажано за денес во 10 часот наутро по источно американско време.
Запрашан за сведочењето на Коми, Трамп рече: „Јас му посакувам среќа.“
Претседателот е зафатен „цел ден во четвртокот“, рече портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер додавајќи дека Трамп има закажано средби и говор.
Еве некои од прашањата кои најверојатно ќе му бидат поставени на поранешниот директор на ФБИ:
1. Дали претседателот Трамп побарал Коми да му се заколне на лојалност?
Според медиумските извештаи и според извори блиски до Коми, за време на вечера во Белата куќа Трамп побарал од директорот на ФБИ да се заколне на лојалност кон претседателот.
Во интервју за NBC News, Трамп даде поинаков исказ за вечерата. Претседателот рече дека Коми го побарал состанокот и му рекол дека сака да ја задржи функцијата. Претседателот не спомна барање за лојалност.
2. Дали Трамп побарал од Коми да ја прекине истрагата за поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин?
Според новинските извештаи, Коми ги информирал членовите на неговиот потесен круг дека Трамп рекол дека се надева дека Коми ќе ја прекине истрагата за Флин и негови контакти со руски оперативци.
„Се надевам дека може јасно да согледате и да го овозможите тоа, да му овозможите на Флин да не биде под истрага.“ Тајмс објави дека Трамп го повикал директорот на ФБИ во Овалната канцеларија и му рекол: „Тој е добар човек. Се надевам дека ќе можеш да му овозможиш да ја прекине истрагата.“
3. Дали Коми мисли дека активностите на Трамп се обид за попречување на тековната истрага за Русија?
Малку веројатно е дека Коми ќе даде дефинитивен одговор. Се очекува тој да се држи до опишување на настаните и да им остави на другите да ги анализираат правните последици.
4. Дали Коми неколкупати му кажал на Трамп дека претседателот не бил под истрага?
Во писмото за неговото отпуштање од ФБИ, Трамп напиша: „Јас во голема мера ценам затоа што во три наврати ме известивте дека јас не сум под истрага.
5. Може ли Коми да обезбеди било какви докази за постење заговор меѓу блискиот круг на Трамп и Русија?
Дали некој од внатрешниот круг на Трамп тајно соработувал со Русија со цел да и` нанесе штета на претседателската кампања на Хилари Клинтон - е фокус на конгресна и федералните истрага. Малку веројатно е дека Коми ќе обезбеди било каков дефинитивен одговор по ова прашање.
Facebook Forum