Линкови за пристапност

14 дена затвор за актерката Фелисити Хафман поради поткуп за упис на ќерката на факултет


Таа вчера беше спроведена во федералниот затвор во Калифорнија за отслужување на казната

Актерката Фелисити Хафман доби затворска казна од 14 дена поради поткуп за упис на ќерката на факултет.

Таа вчера беше спроведена во федералниот затвор во Калифорнија на отслужување на казната.

Хафман се изјасни за виновна во мај годинава за плаќање на 15.000 долари да се коригираат одговорите на нејзината ќерка на испитот за запишување на факултет.

Актерката, која е позната по нејзината улога во серијата „Очајни домаќинки“, беше една од повеќе од педесет лица обвинети за плаќање илјадници долари на советници и на други лица, да обезбедат нивните деца да бидат запишани на престижни факултети, како Јеил, Станфорд и Џорџтаун, без да ги имаат потребните вештини и знаење.

Уште една холивудска актерка Лори Лафлин се соочува со обвинение во овој скандал со поткуп за упис на факултети, најголем во историјата на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG