Линкови за пристапност

САД ја намалија регулативата за производство на јаглен


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја намали контролата врз производството на јаглен, менувајќи ги регулативите кои беа донесени во време на неговиот претходник, поранешниот претседател Барак Обама.

Од Агенцијата за заштита на животната средина на САД велат дека ќе им дозволат на сојузните држави да постават сопствени правила за испуштање на јаглеродни гасови, наместо постоечкиот стандард кој се однесува на сите сојузни држави. Пред планот да биде финализиран, се остава простор за дебати во период од 60 денови.

Потегот е во насока на исполнување на ветувањето на претседателот Трамп од кампањата во 2016-та година за подобрување на состојбата на компаниите за јаглен и сојузните држави произведувачи на јаглен.

Белата куќа вели дека промената на политиката „значително ќе ја намали бирократската постапка“ за компаниите за јаглен „истовремено правејќи ја американската енергија пристапна и конкурентна на светската сцена.“

Групите за заштита на животната средина веднаш ја нападнаа администрацијата на Трамп заради новиот план.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG