Линкови за пристапност

Русија и САД блиску до договор за намалување на нуклеарното оружје


По средбата во Москва со рускиот претседател Дмитриј Медведев, Клинтон изјави дека се решени сите главни проблеми и дека преостануваат само технички прашања

Американската државна секретарка Хилари Клинтон тврди дека Русија и САД се блиску до договор за намалување на нуклеарното оружје.

По средбата во Москва со рускиот претседател Дмитриј Медведев, Клинтон изјави дека се решени сите главни проблеми и дека преостануваат само технички прашања.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров даде слична изјава по средбата со Клинтон во четвртокот, укажувајќи дека се преговорите се во финалната фаза.

Клинтон на истата тема треба да разговара и со рускиот премиер Владимир Путин.

Двете држави речиси една година работат на замена на Спогодбата за намалување на стратешкото вооружување (СТАРТ) од 1991-ва што истекува во декември.

Медведев и неговиот американски колега Барак Обама минатата година се согласија натамошно да ги намалат залихите на нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG