Линкови за пристапност

САД официјално се повлекоа од Парискиот договор за климатски промени


Ваквата одлука претседателот Доналд Трамп ја најави пред три години

САД официјално се повлекоа од Парискиот договор за климатски промени, прва држава што излегла од овој договор, се`уште чекајќи ги резултатите од претседателските избори.

Овој потег уследи три години откако претседателот Доналд Трамп рече дека ќе ја повлече државата од договорот, чија цел е државите заеднички да се борат против климатските промени.

Речиси 200 држави остануваат посветени на овој договор, за да се спречи земјината просечна температура да се зголеми за два Целзиусови степени над прединдустриските нивоа.

Научниците сметаат дека покачувањето на температурата би можело да уништи големи делови од светот, преку зголемување на морските нивоа, тропски бури и поинтензивни поплави и суши.

Меѓународниот напор за контрола на глобалното затоплување ќе биде многу потежок без учество на САД, втор најголем светски емитер на јаглерод диоксид и други гасови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG