Најнов американски извештај ги идентификува причините за покачените температури во земјата, зголемувањето на морското ниво, сушите, поплавите и другите екстремни временски услови.
Документот „Национална климатска проценка 2014-та“, објавен денеска, наведува дека влијанието на климатските промени „се очекува да донесе се` повеќе пречки ширум земјата овој век и понатаму“. Извештајот тврди дека најголем виновник е - човекот. Во него се наведуваат повеќеслојни докази и се заклучува дека „постапките на човекот се примарна причина за глобалното затоплување последниве 50 години“. Па сепак, во него стои дека се` уште има време да се реагира и дека обемот на идните климатски промени во најголем дел ќе зависи од она што општеството ќе избере да го стори во врска со испуштањето на штетните гасови. Извештајот наведува дека актуелните напори за ограничување на штетните гасови од горењето на јагленот, нафтата и гасот не се доволни за да се спречат се` понегативните општествени, животни и економски последици.
Американската влада го искористи извештајот за да повика на преземање на итни мерки за климатските промени - прашање што е заглавено во Конгресот. Извештајот е дело на екипа од над 300 стручњаци што работеле под надзор на Федералната советодавна комисија, основана од владиниот Оддел за трговија, а се фокусира на ефектите на климатските промени во седум сектори: здравјето на човекот, водата, енергијата, сообраќајот, земјоделството, шумите и екосистемите. Целосниот извештај се наоѓа на www.globalchange.gov.