САД побараа од Кина да изврши дипломатски и економски притисок врз режимот на Кинг Јонг Ун во Северна Кореја, иако аналитичарите велат дека Вашингтон треба да ги намали очекувањата, поради стратешката релација меѓу Пекинг и Пјонгјанг.
„Кина разбира дека САД гледаат на Северна Кореја како најголема безбедносна закана“, изјави државниот секретар Рекс Тилерсон, навчерашните преговори за безбедност.
Тилерсон вели дека и укажале на Кина оти има дипломатска обврска да изврши поголем „дипломатски и економски притисок врз режимот, ако сака да спречи натамошна ескалација во регионот“
Северна Кореја беше главна тема на вчерашните разговори, откако почина студентот од САД, кој беше затворен во комунистичката држава.
Претседателот Доналд Трамп ги поздрави напорите на Кина против режимот на Северна Кореја, но, на неговиот Твитер профил напиша дека тие напори не ги постигнале посакуваните резултати.
„Иако ги почитувам напорите на кинескиот претседател да помогне околу Северна Кореја, тие не дадоа резултати. Барем знам дека Кина се обиде“, напиша Трамп на Твитер вчера.
Facebook Forum