Линкови за пристапност

Лос Анџелес со традиционална парада за Кинеската Нова година


Прославите за празникот траат неколку викенди по ред, а САД Лунарната Нова година се одбележува на уникатен начин

Бројни азиски земји ја слават Лунарната нова година, позната како Пролетен фестивал во Кина, а многумина ја нарекуваат и Кинеска нова година. Во многу азиски земји, тоа е и национален повеќедневен празник и иако можеби не е долг одмор во САД, општините со жители од азиско потекло, слават на свој начин.

Во Лос Анџелес, дом на една од најголемите азиски популации во САД, фестивали се одржуваат во текот на неколку викенди по ред. Во кинескиот кварт на градот, луѓето се собраа на 119-та годишна парада „Златен змеј“ со безброј средношколски бендови.

„Ја декорираме нашата куќа со цвеќиња и светла, правиме се`, за да го доловиме празничното чувство за Новата година, се собираме и славиме заедно, делејќи си црвени пликови“, вели еден од учесниците на парадата.

„Во Хонконг имаме роднини, во Лос Анџелес, имаме пријатели“, додава друга учесничка.

Генерално, различните луѓе на овој настан, се со иста цел, славење на кинеската култура.

„Целта е зближување на семејството, почит на културата, одржување на традицијата, за да ја пренесеме и на другите генерации“, изјави друга учесничка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG