Линкови за пристапност

САД наредија да се затвори кинескиот конзулат во Хјустон, Тексас


China US
China US

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Ванг Венбин предупреди дека ако администрацијата на Трамп не го промени односот, Кина ќе се одмазди

САД наредија да се затвори кинескиот конзулат во Хјустон, Тексас.

Во изјавата објавена рано наутро денеска од страна на портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, се вели дека наредбата за затворање на конзулатот е издадена „со цел да се заштити американската интелектуална сопственост и американските приватни податоци“.

Кина има рок до петок да го затвори конзулатот.


Користејќи ја кратенката на официјалното име на Кина, Народна Република Кина, Ортагус рече дека САД „нема да толерираат прекршувања од страна на НР Кина на нашиот суверенитет и заплашување на нашиот народ, исто како што не сме ги толерирале неправедните трговски практики на НР Кина, кражбата на американски работни места и друго несоодетно однесување “.

Кина има рок до петок да го затвори конзулатот.

Говорејќи пред новинарите во Пекинг, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин, изјави пред новинарите дека наредбата за затворање на конзулатот во Хјустон „е невидена ескалација на неодамнешните активности против Кина“. Тој ги обвини САД за малтретирање на кинескиот дипломатски и конзуларен персонал, како и за „заплашување и сослушување на кинеските студенти и конфискување на нивните лични електрични уреди“, па дури и ги приведува.

Ванг предупреди дека ако администрацијата на Трамп не го промени односот, Кина ќе се одмазди.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG