Кинеска делегација подоцна месецов ќе допатува во САД, за да ги продолжи трговските преговори меѓу двете најголеми светски економии.
Кинеското Министерство за трговија издаде соопштение во кое се вели дека Пекинг го поздравува дијалогот, но „нема да прифати еднострани мерки за ограничување на трговијата“.
Од 6-ти јули, наваму, Кина и САД воведоа серија реципрочни царини, откако Вашингтон официјално наметна царини од 25 отсто врз преку 800 кинески производи во вредност од 34 милијарди долари. Пекинг возврати со ист процент и тоа врз 545 американски производи, со истата вредност.
Двете страни најавија дополнителни царини на производи во вредност од 16 милијарди долари, а мерката ќе стапи на сила на 23-ти август.
Facebook Forum