Заканата на американскиот претседател Трамп да наметне дополнителни царини за кинескиот увоз, Кина ја нарече „екстремен притисок и уцена“, велејќи дека ќе се одмазди.
Пекинг реагираше по планот на Трамп да воведе 10 проценти царини за други кинески производи во вредност од 200 милијарди долари, доколку Кина одбие да ја промени својата пракса.
Американскиот претседател претходно веќе нареди 25 отсто царини за киенски производи во висина од 50 милијарди долари.
Казните треба да стапат на сила следниот месец.
Facebook Forum