Американски воен брод пловел во близина на гребен под контрола на Кина во Јужното Кинеско Море, во мисија на која се гледа како на предизвикување на територијалните тврдења во проблематичните води.
Воени претставници на САД, велат дека американскиот уништувач на проектили USS Dewey пловел на 22 километра од гребенот на Островите Спратли.
Во соопштение на портпарол на американската армија, мајорот Џејми Дејвис, стои дека САД ќе продолжат со операциите, чија цел е одржување на принципот на „слободна навигација“ во меѓународните води.
Дејвис вели дека американските сили се активни во Јужното Кинеско Море на дневна основа и дека ќе продолжат да „летаат, пловат и оперираат секаде каде меѓународното право го дозволува тоа“.
Денешните активности биле први од овој вид откако претседателот Доналд Трамп е на функцијата.
Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, кажа дека американската патрола ги поткопува мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море.
Facebook Forum