Линкови за пристапност

Кина го врати американскиот подводен дрон


Кина вели дека трансферот минал „без проблем“ по „пријателските консултации“ помеѓу двете земји.

Денеска Кина го врати американскиот подводен дрон кој го заплени минатата недела во меѓународните води на Јужното кинеско море.

Портпаролот на Пентагон, Питер Кук рече дека трансферот се случил на истото место каде дронот бил запленат, на место каде тој земал податоци за соленоста на водата и температурата.

„Овој инцидент е во спротивност како со меѓународното право така и со стандардите за професионализам и однесување на морнариците на море“, вели Кук во соопштението и додава „САД овие факти ги достави до Кина преку соодветно дипломатски како и воени канали и ги повика кинеските власти да ги исполнат своите обврски според меѓународното право“.

Кинеското Министерство за одбрана денес јави дека трансферот на дронот поминал „без проблем“ по „пријателските консултации“ помеѓу двете земји.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Чунјинг изјави дека САД континуирано ги надгледува водите на кинеското крајбрежје, на што Кина остро се противи.

Кина претходно изјави дека ситуацијата започнала кога еден од кинеските бродови забележал парче на „неидентификувана опрема“ во водата и истото било отстрането во име на „навигациската безбедност“.

Инцидентот ја подигна загриженоста на Вашингтон и азиските сојузници за зајакнатото кинеско присуство во Јужно кинеското море.

Брунеи, Филипини, Виетнам и Малезија тврдат дека имаат права во овој регион што се однесува на минералите и риболовот во овие води а некои од нив и се поклопуваат.

Додека Вашингтон се уште нема официјален став по овие тврдења, Американската морнарица се обидува да ги заштити меѓународните линии на воден сообраќај. Администрацијата на Обама исто така смета дека е спорен напорот на Кина да го засили своето присуство во овие води со распоредување на воена опрема во области на кои други регионални влади тврдат дека имаат право.

XS
SM
MD
LG