Линкови за пристапност

Односите САД – Кина во „критичен стадиум“


Изјави кинескиот претседател Кси Џинпинг на маргините на самитот со американскиот претседател Обама наредната недела во Вашингтон.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг вели дека односите на Пекинг со Вашингтон се во „критичен стадиум“, за надградба на изминатите успеси и отварање на нови димензии за во иднина.

Изјавата уследи по средбата со американскиот советник за национална безбедност Том Донилон во Пекинг, кој се наоѓа во посета на Кина како претходница на средбата меѓу претседателот Обама и Џинпинг наредната недела во Вашингтон.

Донилон изјави дека самитот меѓу лидерите на двете земји ќе биде важна можност за темелни разговори за американско-кинските односи.
XS
SM
MD
LG