Линкови за пристапност

Кина и САД се подготвуваат за преговори на повисоко ниво за трговската војна


Кина соопшти дека официјален претставник на владата оваа недела ќе патува во САД со цел да се воспостават темелите за продолжување на разговорите на високо ниво следниот месец.

Државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека заменик-министерот за финансии Лиао Мин ќе пристигне во среда во Вашингтон на разговори со колегите од администрацијата на Трамп за да „го отвори патот“ за преговорите на повисоко ниво, што ќе се одвиваат во главниот град на САД.

Претседателот Трамп минатата недела објави дека ја одложува новата рунда царини на кинески производи во вредност од 250 милијарди американски долари од 1 октомври до 15 октомври „како гест на добра волја“.

После тоа, Кина ги укина царините за американската соја, свинското месо и други земјоделски производи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG