Линкови за пристапност

Кина го критикува предлогот за нови царини од САД


Министерот за надворешни работи, Ванг Ји, ги отфрли новите царини на САД за кинескиот увоз

Кина го критикува предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините за повеќе кинески производи.

Министерот за надворешни работи, Ванг Ји, говорејќи во Бангкок, каде присуствува на самитот АСЕАН, ги отфрли новите царини на САД за кинескиот увоз кои што Трамп ги објави во четвртокот.

„Наметнувањето на 10% царини на увозот од Кина не е конструктивен начин и не е вистински начин да се решат трговските спорови“, рече кинескиот министер за надворешни работи.

Трговската војна меѓу САД и Кина се засили откако Трамп изјави дека ќе наметне дополнителни царини од 10 проценти за некои кинески производи, еден ден откако двете суперсили се договорија да ги продолжат трговските разговори следниот месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG