Пазарите на акции во Кина денеска скокнаа за повеќе од 5 отсто, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги одложува новите царини за Кина поради како што рече „суштински напредок“ во трговските разговори меѓу двете најголеми економии во светот.
„Многу добар викенд за САД и Кина“, напиша Трамп вчера во порака на Твитер, истакнувајќи дека двете страни постигнале напредок за „важни структурни прашања, вклучувајќи ги и заштитата на интелектуалната сопственост, трансферот на технологија, земјоделието, услугите, валутата и многу други прашања“.
Претседателот го одреди 1 март како краен рок за зголемување на царините на 200 милиони долари во кинески стоки од 10 на 25 отсто, доколку не биде постигнат договор.
Бидејќи финален договор се уште не е постигнат, Трамп рече дека ќе ги одложи царините ако постигнувањето на договор е блиску.
Facebook Forum