Линкови за пристапност

Американско-кинеските трговски преговори продолжуваат со оптимистички тон


Дводневните трговски разговори меѓу САД и Кина денеска продолжуваат во Пекинг, еден ден откако американскиот секретар за трговија Вилбур Рос изрази оптимизам дека трговски договор може да биде постигнат.

Рос за телевизиската мрежа CNBC рече дека се надева оти договорот ќе ги опфати сите клучни прашања.

Американските преговори се со цел да се решат тарифни несогласувања на производи од секоја од државите што ги вознемири светските пазари последниве недели.

САД долго се жалат во врска со пристапот на кинескиот пазар и барањата на Пекинг американските компании да ги откријат своите технолошки достигнувања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG