Линкови за пристапност

САД го добија спорот со Кина за исплатата на субвенциите за жито и ориз


СТО се согласи со позицијата на САД дека Пекинг им платил на земјоделците екстремно високи суми во периодот од 2012-та до 2015-та

Светската трговска организација (СТО) одлучи во корист на САД дека Кина им дала премногу субвенции на производителите на жито и ориз изминативе години.

СТО се согласи со позицијата на САД дека Пекинг им платил на земјоделците екстремно високи суми за производство на жито и ориз во периодот од 2012-та до 2015-та.

САД во 2016-та година поднесоа жалба, во текот на последните месеци на администрацијата на претседателот Барак Обама.

Одлуката може да биде обжалена, но, СТО рече дека очекува Кина да почне да ги почитува обврските што ги наметнува оваа организација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG