Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупредува дека ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина негативно ќе се одрази врз економскиот раст оваа година, како и во текот на наредната.
ММФ ова го соопшти од состанокот во Бали, Индонезија, откако претседателот на САД Доналд Трамп повторно најави дека ќе воведе повисоки царини за увоз на кинески производи.
„Ја намаливме прогнозата за економскиот раст во 2019-та година, како резултат на неодамнешните царини за увоз на разни кинески производи, по што уследија и контрамерки од Кина. Домашните кинески политики веројатно ќе спречат дури поголем економски пад, од оној што ние го предвидовме“, изјави ММФ, предупредувајќи дека во овој случај ќе стрдаат и САД и Кина, двете најголеми светски економии.
Facebook Forum