Линкови за пристапност

Во глобалната трка американските компании бараат помош од Вашингтон


Во САД кинеската влада е портретирана како голем инвеститор во истражувањето и фактор кој го отвора патот за глобален успех на кинеските компании.

Кина исто така им стои на патот на американските компании, кои бараат од американската влада да стори повеќе за тие да бидат конкуренти глобално.

Два нови извештаи, еден од американската индустрија за безжичен интернет, а друг од индустријата за полупроводници покажуваат дека американските компании бараат помош од Вашингтон со цел тие да можат да се натпреваруваат со кинеските компании.

Според CTIA која ги претставува американските компании за безжичен интернет, САД заостануваат зад Кина и Јужна Кореја кога станува збор за ова индустрија.

Изедначени во 5Г трката

Кој е предизвикот за американските компании?

Според CTIA тоа е поголем број на инвестиции во развојот на 5Г мрежите плус владина акција за реформирање на политиките за развој на инфраструктурата и овозможување поголем број на безжични оператори.

Тие велат дека влогот е висок во глобалната трка за развој на 5Г. Првата држава која ќе го воведе системот ќе привлече повеќе инвестиции и ќе создаде повеќе работни места.

САД беа први со воведувањето на 4Г, што доведе до создавање на повеќе од 100 милијарди долари на бруто домашен производ, велат од CTIA.

Но, не е јасно дали да се биде прв секогаш е најдобро.

Се сметаше дека Велика Британија е зад другите држави во воведувањето на 4Г, но државата сепак успеа да капитализира вели аналитичарката Каролина Габриел.

Повеќе федерални инвестиции

Од своја страна, Здружението на индустријата за полупроводници во својот извештај побара од владата на САД да ги зголеми инвестициите во истражување и да овозможи поголем број научници да можат да добијат зелени карти за работа.

Американската индустрија за полупроводници

држи речиси половина од глобалниот пазар кој во 2018-та вредеше 469 милијарди долари, велат од здружението.

Но, Кина ги зголеми инвестициите во истражувања и се обидува да го намали увозот на полупроводници.

Зголемување на бројот на зелени карти

Во извештајот се повикува владата на САД да ги отстранат ограничувањата за зелените карти за квалификувани дипломирани студенти во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, како и на поголемо финансирање

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG