Втората поморска мисија на САД во спорното Јужно Кинеско Море во текот на изминатите шест недели укажува на тоа дека претседателот Доналд Трамп го зголемува притисокот врз Пекинг, по период на исчекување.
Но, Кина е подготвена за улогата на САД, сметаат некои аналитичари. Пекинг минатата деценија постана доминантна поморска сила и се очекува земјата на американските потези да одговори преку зголемување на економските врски со земјите од Југоисточна Азија, иако тие го оспоруваат поморското проширување на Пекинг.
Кина ќе одговори
Владата на САД ќе продолжи да ја предизвикуваат Кина испраќајќи бродови во спорното море име на „слободата на навигацијата“, вели Ендрју Јанг, генерален секретар на Кинескиот совет за напредни политички студии од Тајван.
Трамп го намали притисокот за поморскиот проблем од април, и побара помош од Кина за укинување на ракетната програма на Северна Кореја, но изгледа не го доби она што го очекуваше, сметат аналитичарите.
Ракетниот разурнувач УСС Стетхем во неделата помина на околу 12 наутички милји (22,2 километри) од островот Тритон, на кој право полага Кина, се вели на веб- страницата на Американскиот поморски институт.
Виетнам ја оспорува кинеската контрола над овој остров и други острови од архипелагот Парацели, во морето богато со риби, нафта и природен гас.
Морето е отворено
Вашингтон вообичаено ги користи бродовите да го покаже ставот на САД, дека морето е отворено за сите, и покрај тврдењето на Пекинг дека поголем дела од спорните води припаѓаат на Кина.
САД немаат поморски барања. Но Брунеи, Малезија, Тајван и Филипините ги оспоруваат тврдењата на Пекинг.
САД-Северна Кореја-Кина
По состанокот на почетокот на април во Флорида со неговиот кинески колега Ши Џинпинг, Трамп се надеваше на кинеска соработка во спречување на развојот на балистичките проектили на Северна Кореја. Фрустрацијата со Кина, традиционален сојузник на Пјонгјанг, достигна нова кулминација, и минатата недела САД воведоа санкции против кинеска компанија поради сомневање за помош на програмите за оружје на Северна Кореја.
Кина испрати воени бродови и авиони како одговор на преминувањето на разурнувачот на САД, а Министерството за надворешни работи актот на САД го нарече „провокација“.
Кина троши пари
Во мај Кина и 10-те членки на Асоцијација на нации во Југоисточна Азија (АСЕАН) се согласија на нацрт-кодекс на однесување со цел да се избегнат поморски инциденти.
Кина исто така понуди 11,2 трилиони долари економска помош за регионот преку инвестирање во туризмот и помош во развојот.
Facebook Forum