Повеќе од 170 американски производители на кондури го повикаа претседателот на САД Доналд Трамп да ги исклучи од натамошни царини увозниците од Кина.
Во писмо што го испратија до претседателот, велат дека царините од 25 проценти, кои Трамп ги предлага за кондурите увезени од Кина, ќе имаат катастрофални последици врз потрошувачите, компаниите и за американската економија во целост.
Погодени од ваквата ситуација се и познатите брендови „Адидас“, „Најк“ и „Андер армор“.
САД минатата година увезоа кондури од Кина во вредност од 11.4 милијарди долари, иако некои производители го префрлија бизнисот во други држави, како Виетнам и Камбоџа.
Компаниите велат дека предложените царини за кондури произведени во Кина можат да ги чинат американските потрошувачи повеќе од седум милијарди долари годишно, покрај веќе постоечките давачки.
Facebook Forum