Линкови за пристапност

Кина најави санкции за тројца американски законодавци


Со санкциите Пекинг возврати откако администрацијата на Трамп воведе финансиски санкции против неколку високи кинески функционери

Кина најави санкции за тројца американски законодавци во знак на одмазда за санкциите кои администрацијата на Трамп ги наметна поради третманот на етничките Ујгури во провинцијата Ксинџијанг од страна на Пекинг.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг, во понеделникот најави санкции против републиканските сенатори Тед Круз и Марко Рубио и републиканскиот претставник Крис Смит.

Претседателот Доналд Трамп потпиша закон минатиот месец со кој се дозволува да се воведат санкции за масовно затворање на дури еден милион етнички Ујгури и други муслимански малцинства во провинцијата Ксинџијанг.


Хуа исто така рече дека санкциите се однесуваат на Сем Браунбек, американскиот амбасадор за меѓународна верска слобода. Рубио е републикански копретседател на Конгресно извршната комисија за Кина, а Смит е член и поранешен копретседател на истата комисија.

„Соодветните санкции“ беа објавени неколку дена откако администрацијата на Трамп воведе финансиски санкции против неколку високи кинески функционери, меѓу кои и Чен Квангуо, шеф на кинеската комунистичка партија во Ксинџијанг.

Претседателот Доналд Трамп потпиша закон минатиот месец со кој се дозволува да се воведат санкции за масовно затворање на дури еден милион етнички муслимански Ујгури и други муслимански малцинства во провинцијата Ксинџијанг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG