Линкови за пристапност

Обама: Постои јаз на недоверба меѓу САД и Русија за Сирија


По Самитот на лидерите на Групата 20 во Кина, американскиот претседател рече дека треба уште, за двете страни да постигнат договор за прекинување на огнот

Претседателот Барак Обама рече дека имал „продуктивни“ разговори за Сирија со рускиот претседател Владимир Путин, но, треба уште двете страни да постигнат договор за прекинување на огнот, за да може да се достави хуманитарна помош во земјата.

Обама го изјави ова по состанокот со Путин, на прес конференција на затворањето на Самитот на лидерите на Групата 20 во Хангжу, Кина.

Ова се двете клучните поенти на Обама од Самитот:

- Земјите од Групата 20 мора да ја интензивираат соработката за одржување на глобалниот економски растеж. Во однос на американско-руските разговори за Сирија, Обама кажа дека и покрај нивната продуктивност, постои јаз во нивната доверба. И Обама и Путин на шефовите на дипломатиите на нивните земји им порачаа да продолжат да работат кон постигнување на договор наредниве неколку дена.

- Што се однесува до Украина, американскиот претседател истакна дека додека не се имплементира договорот од Минск, САД нема да ги укинат санкциите врз Русија, поради нејзините активности во Украина.

Граѓанската војна во Сирија однесе повеќе од 250.000 луѓе, а 11 милиони се раселија, што доведе до бегалска криза во Европа.

Конфликтот исто така придонесе за ширење на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG