Линкови за пристапност

Трамп и Ши се согласиле за одржување на санкциите спрема Северна Кореја


Претседателот на САД, Доналд Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг по телефон разговарале за најновиот развој на Корејскиот полуостров и за трговските прашања помеѓу двете земји.

Во објавената содржина за разговорот, Белата куќа вели дека двајцата претседатели се согласиле за важноста за продолжување на санкциите спрема Северна Кореја, се додека не се изврши прелиминарно укинување на нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Во соопштението исто така се наведува дека Трамп ја потврдил неговата определеност за тоа дека трговските и инвестициските врски меѓу САД и Кина треба да бидат балансирани.

Телефонскиот разговор доаѓа на само неколку часа откако Ши ја завршил дводневната средба со Ким Јонг Ун, South се наведува во весникот China Morning Post, информација која ја потврдиле два независни за извори. Весникот наведува дека двајцата лидери се сретнале во североисточниот кинески пристанишен град, Далијан.

Во извештајот се наведува дека Ши планирал да го искористи самитот со Ким, за да го означи почетокот на изградбата на првиот домашен кинески носач на авиони.

Се очекува Трамп и Ким да се сретнат месецов или на почетокот на јуни.

Ким го посети Пекинг во март, на неговото прво патување во странство како лидер на Северна Кореја, индицирајќи дека Кина се` уште е вклучена во денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG