Линкови за пристапност

Средба на американските и кинеските воени лидери во Сингапур


Вршителот на должност секретар за одбраната на САД, Патрик Шанахан, и кинескиот министер за одбрана, Веи Фенге во Сингапур разговараа за развојот на воената соработка меѓу двете држави.

Тие се сретнаа на маргините на годишниот форум за одбрана. Односите меѓу двете држави се затегнати поради различните ставови околу трговијата и безбедноста.

Во изјава пред состанокот, Шанахан рече дека ќе ја истакне „прекумерната“ милитаризација на вештачките острови во Јужното Кинеско Море.

Кина распореди ракети земја воздух и изгради писти за слетување на воени авиони.

За време на 20 минутната средба, двајцата водачи разговарале за начините за „намалување на ризикот од недоразбирање“ кажа портпарол на Шанахан.

Двајцата лидери разговарале и за подобра соработка за спроведување на резолуциите на Советот за безбедност во врска со санкциите кон Северна Кореја. Шанахан кажа дека Кинезите соработувале во врска со прашањето.

Ова е прв пат од 2011-та година кинескиот министер за одбрана да присуствува на конференцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG