Линкови за пристапност

Матис го повика Пекинг на отворен дијалог


Трговските врски и засиленото воено присуство на Кина во Јужното Кинеско Море главни теми на разговорите на американскиот секретар за одбрана и неговиот кинески колега

Секретарот за одбрана на САД Џим Матис во Пекинг се сретна со неговиот кинески колега на разговори кои имаат за цел да донесат позитивен тон во односите меѓу двете држави и покрај тензиите во врска со трговијата и Јужното Кинеско Море.

Матис пред кинескиот министер за одбрана, Веи Фенге ја истакна важноста од постоење на добри воени врски меѓу двете држави:

„Воената соработка е критична за пошироките врски помеѓу нашите две држави, и како што рековте, ние ја отворивме денешната дискусија со отворен и искрен дијалог.“

Посетата на Матис е засенета од кинеското незадоволство од одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да воведе царини за кинески производи, потег кој предизвика реципрочен одговор од кинеска страна со воведување царини за американски производи.

Зголеменото воено присуство на Пекинг во Јужното Кинеско Море исто така е предизвик за двете суперсили.

Матис ја повлече поканата Кина да присуствува на најавените мултинационални морнарички вежби во Пацификот, но американскиот секретар за одбрана го покани неговиот кинески колега да го посети Пентагон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG