Светските лидери ги сумираат резултатите по бурната недела на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Кина остро ги отфрли обвиненијата од претседателот Доналд Трамп дека се обидува да се меша во делумните конгресни избори во САД. Наводите од американскиот претседател заедно со новите царини за кинески производи се значителна ескалација на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг.
Во меѓувреме се разгорува и дипломатската борба меѓу САД и другите потписнички на Договорот за нуклеарната програма на Иран од 2015-та година во врска со иднината на ова меѓународна спогодба, во време Вашингтон се подготвува да воведе нови економски санкции врз Техеран.
Facebook Forum