Линкови за пристапност

ФБИ истражува околу 1000 случаи на кинеска економска шпионажа


Истрагите се одвиваат речиси во секоја индустрија и сектор на американската економија

ФБИ работи на околу 1.000 случаи во кои истражува сомнителни кинески дејствија за кражба на американска интелектуална сопственост. Ова се очекува да доведе до поднесување на кривични пријави против поединци и компании подоцна во текот на годината, соопштија американските власти.

Во истрагите се вклучени сите 56 оддели на ФБИ низ целата држава. Истрагите се одвиваат речиси во секоја индустрија и сектор на американската економија, почнувајќи од големите компании „Fortune 100“ до стартапите на Силиконската долина, вели директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

„Тие не се насочени само кон компаниите во секторот за одбрана“, рече Вреј на конференцијата за кинеската иницијатива на Одделот за правда. „Тие исто така се насочени кон врвните истражувања на нашите универзитети“.

Чарлс Либер, раководител на одделот за хемија и хемиска биологија на Харвард, беше обвинет за измама на федералните власти за неговите врски со Кина.


Кинеската иницијатива, објавена во ноември 2018 година, ги комбинира ресурсите на Одделот за правда и ФБИ во единствен напор да ги истражи и гони случаите на кинеска економска шпионажа. Во рамките на иницијативата, Одделот за правда покрена обвиненија за неколку случаи со висок профил на кинеска економска шпионажа.

Минатата недела, Одделот објави обвиненија за економски шпионажа против истакнат професор на универзитетот Харвард и уште двајца други од областа на Бостон. Чарлс Либер, раководител на одделот за хемија и хемиска биологија на Харвард, беше обвинет за измама на федералните власти за неговите врски со Кина.

Либер, пионер во областа на наноенергијата, е обвинет дека работел за Кинескиот план за илјадници таленти и Универзитетот за технологија во Вухан, додека примал милиони долари грантови од американскиот Оддел за одбрана и Националниот институт за здравство.

Говорејќи на прес конференција, федералните обвинители посочија дека се истражуваат повеќе случаи на кинеска шпионажа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG