Линкови за пристапност

Сенатски извештај ја обвинува Кина за нови хакерски напади


Врз компјутерски мрежи на авионски, технолошки и други компании ангажирани од Пентагон; Кина негира

Истражители од американскиот Сенат наведуваат дека хакерите на кинеската влада во повеќе наврати упаднале во компјутерските мрежи на авионски, технолошки и други компании ангажирани од Пентагон.

Денес издадениот извештај на Сенатската комисија за вооружени служби ги обвинува кинеските хакери дека целат цивилни компании што американската армија ги користи за пренос на војници и опрема низ светотот.

Извештајот, направен по едногодишна истрага, утврдил најмалку 20 упади, познати како „напредни истрајни закани“ - комплицирани и тајни напади што обично само владите имаат способност да ги извршат.

Претседателот на Комисијата, сенаторот Карл Левин рече дека упадите се уште еден доказ за кинеската агресивност во кибернетскиот простор.

Министерството за надворешни работи на Кина го отфрли извештајот. Портпаролот Хонг Леи рече дека обвинувањата се неосновани и фабрикувани.

XS
SM
MD
LG