Линкови за пристапност

Американските пазари нестабилни по девалвацијата на кинеската валута


Економскиот советник на Белата куќа Лери Кудлоу, изјави дека претседателот Доналд Трамп се` уште сака трговски договор со Кина

Финансиските пазари во САД остануваат нестабилни еден ден по нивниот најголем пад годинава.

Падот се случи поради најновите информации од Кина, вклучувајќи девалвација на кинеската валута.

Економскиот советник на Белата куќа Лери Кудлоу, изјави дека претседателот Доналд Трамп се` уште сака трговски договор со Кина.

„Сакаме да ги продолжиме преговорите со Кинезите во добра волја“, рече Кудлоу.

Претходно, Кинеското министерство за трговија најави дека домашните компании престанале да ги купуваат американските земјоделски производи.

Овој потег уследи како одговор на најавата на администрацијата на Трамп минатата недела, за воведување нови царини за кинески производи вредни 300 милијарди долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG