Линкови за пристапност

Гајтнер се сретна со кинескиот вице-премиер


Тимоти Гајтнер зборувал со кинескиот вице-премиер Ванг Кишан за економските односи како и за глобалната економска ситуација

Американски претставници велат дека американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер се сретнал со кинескиот вице-премиер за разговор што се очекуваше да се однесува на несогласувањето на двете земји во врска со валутата.

Во соопштение од Одделот за финансии се вели дека Гајтнер подоцна во четвртокот зборувал со кинескиот вице-премиер Ванг Кишан, во чија надлежност се економски прашања. Таму стои дека се разговарало за економските односи како и за глобалната економска ситуација.

Според претставник на Одделот за финансии, средбата на пекингшкиот аеродром траела 75 минути и дека Гајтнер тргнал назад за САД веднаш по завршување на состанокот.

САД вршат притисок врз Пекинг да им дозволат на меѓународните пазари да ја одредат вредноста на нивната валута, јуанот.

Претседателот Барак Обама се очекува да се сретне со кинескиот претседател Ху Џинтао на маргините на самитот за непролиферација на нуклеарно оружје што ќе се одржи следната недела во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG