САД покренаа обвинение против двајца кинески државјани осомничени за хакирање на стотици локации во светот, меѓу кои и американски компании кои работат на развој на вакцина и третмани за КОВИД-19. Лицата работеле за кинеските тајни служби.
Тие се товарат за соработка со разузнавачи од Кинеското министерство за национална безбедност, кое претходно беше инволвирано во економска шпионажа.
Ова е првпат, САД да покренат обвинение против кинески хакери, кои работат за Кинеската влада, додека истовремено таргетираат жртви за лична корист.
Секторот за национална безбедност во Одделот за правда, ја обвини Кина за помагање на лица, инволвирани во кибернетски криминал.
„Кина сега се наоѓа во срамниот клуб на држави, како Русија, Иран и Северна Кореја, кои обезбедуваат рај за хакери, во замена тие да работат во корист на државата, да го задоволат апетитот на Кинеската комунистичка партија за американски и други компании“, изјави Џон Демерс, главен на Секторот за национална безбедност.
Обвинението доаѓа во време кога официјални лица на САД алармираат за кинески напори за кражба на американска интелектуална сопственост, како дел од пошироки обиди да се потценат САД како суперсила во светот.
Facebook Forum