Линкови за пристапност

Кина се обидува да го направи светот да личи на неа, рече советникот за национална безбедност на САД


Комунистичката партија на Кина сака да знае се`за вас, рече тој пред група бизнисмени во Аризона

Советникот за национална безбедност на претседателот на САД Роберт О`Брајен, вели дека Кина се обидува да го направи светот да личи на неа.

Зборувајќи пред група бизнисмени во Феникс, Аризона, О`Брајен рече дека американските политичари, со децении наназад, наивно верувале дека Кинеската комунистичка партија постепено ќе премине кон демократија, како што се развива економски, истовремено потценувајќи ги бројните прекршувања на човекови права од страна на Пекинг.

Тој рече дека Кина направила огромен напор да влијае врз мислењето во САД, велејќи дека луѓето во повеќе од дванесет американски градови на радио слушаат прокинеска пропаганда.

Еден пример на лажни наративи што биле пренесувани, истакна тој, е оти коронавирусот бил донесен во Кина минатата година од американски војник.

О`Брајен, исто така, рече дека Кина се обидува да обезбеди лични податоци за милиони Американци, прибирајќи информации преку банкарски сметки, здравстевно осигурување, хотели, дури и од сајтови за наоѓање партнери.

„Комунистичката партија на Кина сака да знае се`за вас“, рече тој.

Администрацијата на Трамп воведе рестрикции за кинеските компании, кои се поврзани со разузнавачката служба на Комунистичката партија, меѓу кои технолошкиот гигант Хуавеи, за кој САД сметаат дека ќе ја користи 5Г мрежата да ги шпионира Американците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG