Линкови за пристапност

Пекинг најави одмазда по американските царини


Планот на Трамп за царини за кинески производи во висина од 25 проценти, стапува во сила утре на полноќ

Пекинг цврсто се противи на наметнатите царини за кинески производи од страна на САД, предупредувајќи дека ќе одговори веднаш, откако мерката ќе стапи на сила.

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царини во висина од 25 проценти за повеќе од 800-тини кинески производи, во вредност од околу 34 милијарди долари, ќе стапи во сила утре по полноќ.

Портпаролот на Кинеското министерство за трговија Гао Фенг, рече дека Пекинг „нема да го испука првиот куршум“ во можната трговска војна со Вашингтон, но, додаде оти нема друг избор, освен да се одмазди и да ги брани интересите на Кина.

„Кина нема да потклекне пред заканите и уцените“, додаде Гао, предупредувајќи дека мерките на САД „се напад врз глобалниот синџир за снабдување“.

Гао истакна дека производи вредни околу 20 милијарди долари, кои ќе бидат подложени на американски царини, доаѓаат од компании со значителен странски капитал, меѓу кои и американски.

Претседателот Трамп се закани дека ќе наметне дополнителни царини за кинески производи, вредни 450 милијарди, ако Пекинг се одмазди со воведување на царини за американски производи.

Можната трговска војна помеѓу двете најголеми светски економии ќе испрати шокантни сигнали за глобалната економија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG