САД изјавија дека вратиле дома бројни лица, откако биле направени медицински прегледи на дипломати и семејства во Гуанчжоу, Кина, како одговор на мистериозните симптоми кои ги здобил американски владин претставник.
Стејт департментот издаде предупредување минатиот месец, откако вработен пријавил оти искусил нејасно и абнормално чувство на звук и притисок, како и дека бил дијагностициран со лесна трауматска повреда на мозокот.
Државниот секретар Мајк Помпео овој случај го опиша како сериозен медицински инцидент.
Портпаролката Хедер Нуерт вчера објави соопштение, во кое се вели дека бил испратен медицински тим во Гуанчжоу, за им направи преглед на сите вработени и нивните семејства кои тоа го побарале, како резултат на бројни лица кои биле испратени во САД за натамошно испитување.
„Американски медицински професионалци ќе продолжат да работат на откривање на причината за наводните симптоми, и дали овие откритија се поврзани со оние што биле забележани кај претходните владини работници“, изјави Нуерт.
Минатата година во Куба, САД соопштија дека нивните дипломати и членови на нивните семејства добиле различни симптоми, често откако слушале необичен звук, но, причината е се` уште непозната.
Facebook Forum