Линкови за пристапност

Трамп ја прифатил поканата на Џинпинг годинава да ја посети Кина


Лидерот на Кина изјави дека бил срдечно пречекан од администрацијата на Трамп, и обете страни постигнале разбирање за повеќе прашања

Претседателот Доналд Трамп изјави дека бил постигнат „огромен напредок“ во разговорите со неговиот кинески колега Ши Џинпинг, на дводневниот самит што се одржа во Флорида.

Трамп додаде дека Џинпинг и неговите претставници, биле „навистина заинтересирани“ за дискусија, и оти верува дека двете страни ќе продолжат со напредокот во разрешување на заедничките проблеми.

Лидерот на Кина изјави дека бил срдечно пречекан од администрацијата на Трамп, и дека обете страни постигнале разбирање за повеќе прашања.

„Верувам дека со тек на време, ќе постигнеме напредок за двете држави и нивните граѓани, како и дека ќе го одржиме глобалниот мир и стабилност“, рече Џинпинг.

Трамп изрази надеж дека ќе изврши притисок врз Пекинг да вложи поголеми напори да се натера Северна Кореја да се откаже од своите нуклеарни амбиции.

На агендата меѓу двајцата лидери се најде и трговскиот дефицит на САД со Кина од 310 милијарди долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG