Новите родители во САД ќе треба да штедат повеќе отколку порано, судејќи според новообјавените податоци што покажуваат дека трошоците за подигање на само едно дете пораснале речиси четвртина милион долари.
Истражувањето на владиниот Оддел за земјоделство наведува дека родителите во домаќинство со средни примања ќе потрошат над 245.000 долари за секое дете родено во 2013-та, во периодот од раѓањето, па се` додека не наполни 18 години - добата на полнолетност во САД.
Најголемите трошоци се за домување - речиси една третина, а потоа следат дневниот престој, образованието и храната.
Најновата проценка е за речиси 2% поголема од онаа за 2012-та. Колку за споредба, трошоците (прилагодени за да се пресмета инфлацијата) за дете родено во 1960та изнесуваа приближно 199.000 долари.