Линкови за пристапност

Петмина Руси на црна листа на САД


Американскиот Оддел за финансии на црната финансиска листа стави петмина Руси, вклучувајќи го и чеченскиот лидер Рамзан Кадјоров, кој е обвинет за смртоносна репресија против лица коишто се обидуваат да обелоденат владина корупција.

Дополнително, САД го обвинуваат и затворскиот управник и шефот на филијалата на чеченското Министерство за внатрешни работи, за нелегални убиства и други прекршувања на човековите права, вклучувајќи и злоупотреба на хомосексуалци.

САД воедно тврдат и дека три други лица биле вмешани во заговор за даночна измама од 230 милиони долари во рускиот фонд Ермитаж.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG